компензира св. и несв.

компензира (св. и несв.)

Славењето на колективниот идентитет го компензира војничкиот пораз и срамната потчинетост што тој ја донесе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бојс „долго време бил врзан за областа на долна Рајна и Клеве“, и за некои од тамошните луѓе кои ги сметал за „модели“ и кои без сомнение ја компензирале неговата дистанцираност од родителите, посебно од неговиот оддалечен татко.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се надеваме дека намалената зачестеност делумно ќе ја компензираме преку зголемениот број на страници и преку понатамошното издигнување на квалитетот (во секоја можна смисла) на овој гласник „за ширење децентралистичка култура”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Она што не ќе го додржи незакрепнатата снага на стебленцето ќе го компензира неговото жилаво свиткување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека ги слушав врвните офицери на Југословенската Народна Армија (ЈНА) како зборуваат со вознес и незамислива увереност за главните стратегии за одбивање на напад на Југославија од Западниот или Источниот блок, со мене на часовите ја носев книгата на Вињи, верувајќи дека на овој начин со читање на книгата ќе го компензирам времето на воените предавања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секс, дрога и рокенрол. Секс немаше никаде, освен во неговата парола, ама затоа пак, имаше премногу од останатото, знаеше точно како да го компензира она што му недостигаше.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
На почетокот ова, колку-толку, беше ублажено и компензирано со давање на, во тоа време, популарните „бонови“ на работниците – со кои тие можеа да пазаруваат во локалните продавници и маркети на познати фирми од градот, со коишто директорот имаше личен, пријателски или деловен, однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доцнењето од кафана тој мораше да го компензира со темелна масажа на нејзиниот масивен грб.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Таквото однесување делуваше одбивно за оние што непосредно работеа со неа, кои во тоа гледаа отменост на млада жена која, прерано поставена на завидна позиција во полициската хиерархија, отсуството на искуство за раководење го компензира со строгост.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)