колосален прид.

колосален (прид.)

Од друга страна, тука по договор се всадиле, како кај Индијанците уште од шеснаесеттиот век, корупција и расипување, во среќното и секогаш ново прифаќање на колосалниот пораз.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За да се прашам себеси: имаме ли ние, Македонците, своја автентична национална и културна татковнина? Јас велам - колосална! Како ретко кој друг народ во Европа. Но, тоа е тема на мој посебен есеј...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Земјата не би можела Одново кога би се случило земјата да му се врати на нередот, да му се врати на својот колосален хаос, на бесконечноста и на пустошот од што потоа пак би одекнал големиот big-bang, во таа повторна експлозија воопшто не е веројатно дека одново би бил создаден човекот: земјата, сепак, не би можела да ја издржи таа голема реалност - бесконечните човекови страдања...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сѐ уште неукрасена со неонски знаци и табла за привлекување на вниманието, таа беше сив, гол, колосален надгробен споменик.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)