качунка ж.

качунка (ж.)

Тој „Илиос", уште пред една две недели ги извика од земјата качунките, јагличките, петревите гаќи, момини солзи, а дренот го натера да ја облече својата жолта облека.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
После Отец Симеон без причина се сети на сноп црвени булки, синчеци, качунки, јаглики.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
По присоинките, каде што во раната пролет Бојан ги наоѓаше првите качунки, сега почна овде-онде да се покажува руенот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Девојченцето беше жолто во лицето како качунка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од височинката, каде што се прости со Денко и доктор Коста, убаво се гледаше наоколу, и денот беше од убав преубав, небото сино како синчец, сонцето жолто како качунка, миризби како да е сред мајска покосена ливада, а сето тоа тој ниту го гледа, ниту го чувствува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Долу, по орниците, од каде што пред неколку дена стана снегот, ги појавија своите сини и жолти главчиња качунките, а разните тревки распуштија зелени ливчиња, мамејќи ги беговите јагниња на сладок појадок.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тројцата донеле со себе невидени и нечуени чуда: сребрени белегзии со модри каменчиња, школки, од кои, кога ќе се легнело врз нив со уво, шепотело морето, вретенесто суви риби со отворени усти и со боја на проѕирно злато, басми со секакви шари (едно цветно поле од качунки и синолички), морски ѕвезди, презашеќерени непознати овошки од кои се дебелело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Новите пријатели се кокичиња и качунки, што ја превземаат функцијата и на пријатели и на роднини.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Одајата празна, а диванот ветвен Во пролет рана, со мирис летен Мислите мои – меланхолични звуци Душата моја – ѕвекот на прапорци Во очи си гледам качунка бела Мечтите мои – друга јас ги зела Делата мои пајакова мрежа ги вплела. 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи