кауза (ж.)

Во една платонска љубов кон јазикот, веднаш, на самиот почеток на нашиот разговор, Енценсбергер раскошно демонстрираше како може уверливо да се именува и исправно да се брани самата литературна кауза.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На исклучоците на другата страна, на мажите коишто отстапуваат од општествено најпожелната улога на херојски борец за националната кауза им преостанува само на јавна сцена улогата на заговорници на цивилно општество, односно на неговите вредности: човечките права, ненасилството, толеранцијата, еднаквоста на половите итн., значи дејствување на едно подрачје на кое кај нас во традиционална смисла може да се докаже сѐ само не машкоста, подрачје, имено, на оние интереси што хрватското мнозинство денес ги смета за сѐ уште бизарни, недостојни за вистински машки ангажман, па затоа подрачје препуштено на дезертерите од сите видови, слабаците, педерите, накратко на женскиот свет како таков.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Додека солунските динамитари со гордост му покажуваа на светот дека Македонецот знае да умира, ние одново го чувме целиот угледен печат, сите најголеми министри и политички луге како во еден глас викаат дека со своето безумие и жестоко однесување овие разбојници засекогаш ја дискредитираа својата македонска кауза.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога подигнат во Ламија споменик на некој херој за грчката независност, Грците се чуваат како од оган во своите говори да го спомнат некогашниот ентузијазам и желбата за одмазда; кога ги слуша човек, би помислил дека Дијакос, Колокотронис ... (херои од времето на Грчкото востание во 1821 тодина против османското ропство - б.м.) беа најверните пријатели на Портата, најсрдечни слуги на џелатот... не разбираат ли тие дека од ден на ден станува сѐ потешко да се застапува нивната кауза пред цивилизираниот свет“...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Виктор Берар, француски научник, балканолог, добар познавач на Османската империја, блескав заштитник на македонската кауза и на борбата на Македонската револуционерна организација, смело ќе го дигне својот глас во полза на гемиџиите, величајќи ја нивната акција како херојско дело.“ ...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Градот ја имал судбината да стане крстопат на многу­бројни генерации од сите континенти, од сите раси, од сите големи религии, од бројни народи, готови да ги жртвуваат своите животи за една кауза која, всушност, им била далечна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Поттикнат и лично од козјата кауза која ја замислуваше и застапуваше Андре Декостер за економски препород на Македонија, но песимист за нејзиното целосно реализирање, се ангажирав по дипломатски пат, тој да биде примен на високо ниво при својата посета на земјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во ноќ каква што е оваа Во ноќ каква што е овдешнава Денешнава ноќ ви велам е посебна по сенката што зад себе ја остава простава моја силуета На мост што дава перспектива погрешна Мојата кауза денеска е света!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Дури го жртвува и својот син за големата света кауза во која веруваше по цена на многу жртви.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеше секако да се разбере Махмуд Дарвиш, поетот кој постојано тврдеше дека не сакаше да биде разбран само како поет на палестинската кауза.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Рекле така ќе биде и секој ако не му се свиде Може друга улога да избере на овој терен Што не значи дека друг гајле ќе му бере Ниту дека ќе остане до крај верен На својата кауза, ако си земе пауза.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Уметничкиот опус и политичката дејност на Стојан Христов за македонската кауза остануваат и во иднина драгоцености кои што ги обликуваат неговите вистински вредности и како такви веруваме дека и понатаму ќе привлекуваат книжевници и политички аналитичари заради додефинирање и градење на точен суд за неговиот придонес кон богатата ризница на македонската и светската литература, како и за неговите активности во поглед на афирмацијата на самобитноста на македонскиот народ и на неговата државност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие се афирмација на македонската кауза и се виделина на многуте заблуди, непознавања и искривувања на епската борба на македонскиот народ за остварување на национална, социјална и културна слобода и претставуваат битка за вклучување на македонскиот народ во лигата на рамноправните народи во светот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мислам со тоа дека нема да има контрола на раѓањето, а во интерес на нашата кауза.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)