каса (ж.)

Но од русофилството таа се восползува со заемот, направен при руско содејство, а друго и најглавно, не ги поарчи позајмените милиони за воени потреби и со тоа ги остави полни државните каси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Познаниците прилепчани направија постапки и Бино стана даскал во своето село, плаќан сега не од родителите на учениците, како што беше дотогаш Чало во Витолишча, Петко во Бешишта и други, ами од „народната каса", т. е. од Егзархијата.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Кај него ќе ги остави ѓакот и тој ќе ги продаде сите тае работи и колку ќе чини „кабул“, толку ќе внесе во манастирската каса, која всушност беше Сталевото ќесе.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Моето досие бабреше зад шифрите на челичните каси.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во ресторанот беше тихо. Газдарицата седеше зад автоматската каса и ја целиваше својата тромава мачка, дебела и сива како и таа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Келнерот го послужи со млеко и пак се сврте кон автоматската каса.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Касата имаше стисната челуст на мртва ѕверка. Не попушташе, остануваше тајна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се доближи до касата и го завлече показалецот во дупчето на една од тие бројки вртејќи го кругот на бројчаникот од лево на десно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нивниот азимут ќе ги води кој тајните на сите каси.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На алките на неговите уши заѕвечеа многуте клучови на државната каса, во која чуваа шарени стакла, скршени огледалца, празни конзервени кутии и еден скршен молив.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Главно беше да собере што повеќе златници, да ја наполни царската каса која беше „вреќа без газер".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
После украдов цела каса со конзерви.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Впрочем, кога често ја отвораше касата и по којзнае кој пат ја читаше директивата, го допираше пиштолот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зашто, ако заминеше и на негово место се избереше нов секретар, тој сигурно веднаш, штом ќе ја отвореше касата, ќе дојдеше до тајната директива и можеше да ја активира поради видливата агресивност на козите и со тоа би напреднал во кариерата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но на крајот заклучуваше дека сепак е најдобро, веќе да не ја отвора касата, а да не дава повод други да ја отворат...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така - редот пред касата си тече. Така - вратата се отвара на улица, влегувајте.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но. Вербата во новиот ризничар на државната културна каса нѐ држи, така ли, да не испопаѓаме ко пепелни фигури ишмукани од вителот на резигнацијата што дупчи ли дупчи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Државната каса му останала должна многу пари“. „Пет илјади наполеони“, рече Владе
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ме викна таа мене настрана и ми вели: „Дине“, ми вели, „ние во касата имаме 21.250 динари кусок. Што да правиме?“ ми вели. „Кажувај чаре!“ ми вели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во неколку чекори од фрижидерите пристигнаа на касата, и тука работите почнаа да се одвиваат бргу.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК