кадровски прид.

кадровски (прид.)

Мојот кадровски придонес за монолитноста на нашата балканска држава очигледно не е мал.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Имено, токму како кадровски референт доживеа партиската организација на установата каде што работеше да се изјасни за Инфорбирото, и покрај тоа што нему пена му фати устата убедувајќи ги во спротивното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се обидуваше несреќникот да се измолкне од ѓолчето, (меѓувреме сигурно беше разбрал дека Кире е префрлен во кадровското на Републиката), од она обично ѓолче со плитка вода а всушност сѐ повеќе заглибуваше во една прилично длабока локва со кал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како омацурен мачор потоа, кога реферираше во Комитетот со наведната глава, чекаше за казна него прв да го затворат, но другарите само му свртеа грб и нему му беше јасно барем толку дека е свршено со неговата кадровска кариера.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Божем жена му лично дошла кај секретарката во кадрово и си го кренала здолништето за да ја запознае лично секретарката Соња со кадровските умеења на нашиот кадровик Кире!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаев дека началникот на кадровско но и шефот на книговодството кои наскоро ќе заминат во пензија беа пројавиле желба сликава на Неткова да им биде тој пензионерски подарок.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)