кадифен прид.

кадифен (прид.)

И затоа Митра се „поткршна"; си обу нови калци, нови чорапи, опаша нова фута, си го врза кадифеното гушалче; ресениот ќилим го префрли преку глава, ги растресе цулувците, ги поначешла кркмите и отпред дојде променета, макар кошулата да не ја смени.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Други пак луѓе, сосема спротивни на првите: добро угоени, избричени или со убаво потстрижени бради, измиени, богато облечени; со широки чоени или кадифени потури, со свилени појаси, со срмени елеци и севозможни златни и сребрени накити, со пиштоли за појасите, гордо се шетаа низ пазариштето броејќи ги по стоти или илјадити пат килибаровите броеници со меките и чисти прсти.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Детето му ја преграбува ногата, а со другата рака сѐ уште здраво ја гушка кадифената кукла.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дури му се чини дека го наслушнува нејзиниот кадифен глас, со надојдена длабост, како истура бесрамност.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Покрај оделото и темната вратоврска, старчето има добродушен лик на престарен вујко и сосема семејно ми ги подава кадифените албуми, што и самите би се чинеле домашни, да не се позлатените букви и везот по рабовите, со кои добиваат нешто неприродно, наместено.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во мракот на подвозникот нѐ дочека еден куп кадифени панди, кои го чекале својот превозник.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Уште малку. Мораа да ја постават меѓу четирите месингани столба и кадифеното јаже, дотерана, за да ги задржи луѓето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тие долго чекаа, но тоа беше само треперење на кожите на нивните коњи како црни кадифени тамбурини на кои ѕвечкаат сребрените стремени меко, меко подвивајќи се.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Времето главно го минував во хотелската соба, сокриена со дебели, кадифени завеси - и зјапав во телевизорот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Госпожа Сенка, му е некому, на ум? Или кадифеното говедце како ејакулира во земјата, инспирирано од една те-ве репортажа за исчезнати племиња?
„МАРГИНА 22“ (1995)
Како да го заборавам неговото мало муцунче, неговата мека кадифена козина, ишарана со два реда бели дамки, неговите витки ноџиња со жолти копитца на врвот? Како да го заборавам?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Роден во отоманско време при крајот на деветнаесетиот век, имаше преживеано борби, колежи и востанија, сѐ уште имаше обичај од време на време да носи убав кадифен, темно црвен фес на главата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во еден момент, од другата страна на Широк Сокак се појави и им доаѓаше во пресрет позната висока машка фигура со руса коса, долги руси подвиткани мустаќи, црвен кадифен фес на главата, убава едноставна облека и стилизиран бастун.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се чистеа огромните стари кристални балски лустери, се поставуваа посебни светла од страните, покрај прозорците до кои висеа тешки кадифени темно црвени пердиња.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Круме зборуваше со мек, кадифен глас, но неговото кажување беше кратко и строго прецизно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)