испреврти св.

испреврти (св.)

Откако ги испреврте книгите на канабето, се приближи до орманот полн со списоци, тетратки, писма, фотографии, разни уверенија, документи...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дали сум присебен човек, или се во мене е ѓаволски испревртено.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На едно место сурија диви свињи го имаше испревртено снегот, изваѓајќи на површината партали слепени оломнански лисја од шумурината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тогаш нешто беше се изразила за мене, Ама ако: испревртано време, лошо, болежливо, и не знаеш што правиш. 150
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ околу мене е преправено, испревртено, вели. Кај сум, кај се вратив, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И гласот на водата ми доаѓа испревртен, од некое друго време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еднаш Парнаџиевата го оставила прозорецот отворен, и во тој момент дотрчала ветрушката, се качила по скалите, втрчала и во собата, и сѐ испревртила.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дрмон ќе ти ја направи куќата - ем сѐ што ќе најде ќе ти изеде и ќе ти испие, ем ќе ти ја испреврти куќата. И како да не бил тој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Многу непознато и ново чувство. што ќе правам, сѐ се испреврте...
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Господе, што е ова што се испревртува околу моите сознанија за вистината на нештата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ко заскитан метеор ќе се изгубам во морето во струите ќе ги испревртам спомените ко истрел...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Додуша, немам ни вака, ама сетики низ торбата расфрлани десетки и стотки, испревртена и стуткана понекоја илјадарка, низ документите, во џебот за мобилен и оној за клуч... значи сегде, само не во паричник.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Попрво би се рекло дека Томо беше лудиот кој во своето нервозно објаснување ги испревртуваше вистинските настани.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)