имплементација ж.

имплементација (ж.)

Бидејќи однесувањето не е секогаш предвидливо од листингот на програмот, имплементацијата на комплексни системи е на многу начини емпириски потфат сам по себе.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Значи, една веќе етаблирана уметничка стратегија која не само што не носи ништо ново, туку и делува како кочница во имплементацијата на новите идеи и зафати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
До крајот на годината започна процесот на имплементација на Рамковниот договор; заврши операцијата “Неопходна жетва” кога за 30 дена беа собрани 3.875 парчиња лесно оружје; според законот за амнестија беа помилувани 64 од вкупно 88 албански екстремисти; беше донесен нов изменет Устав.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По ова започнува процесот на имплементација на Рамковниот договор кој се одвиваше со поголеми потешкотии и интервенции од меѓународната заедница.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)