изѕемнат прид.
изѕемне св.

изѕемнат (прид.)

Стоеше потоа уште малку, триејќи ги влажните, изѕемнати раце, предавајќи ѝ се, најпосле, на мислата што го гонеше да влезе во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го разгори огнот, ги загреа малку рацете и нозете, па легна изѕемнат и во душата и во телото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вивнаа пламенчиња под жарот од сланината што почна да се топи, се рашири пријатна миризба, создавајќи во изѕемнатата душа на детето нишка од убаво настроение.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од длабокиот снег изгладнети изѕемнати и модри ги испуди нешто ветерот што го донесе.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Го убија стрика Анѓела, на правдина, се провикнува наеднаш и наеднаш замолчува, ги гледа луѓето измрзнати, лути и завеани, и сам изѕемнат, лут и сиот завеан со снег и се двоуми дали да продолжи да зборува и да им го каже тоа што го има на душата, што му е, што му тежи на срцето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гласот му беше рапав и ноќен, изѕемнат до корен. Најверојатно прашуваше дали барам нешто од нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Можеби и ги стискале клепките иако можеле да догледаат дека низ порабен облак се покажало крајче зимурлава месечина. Бездруго со изѕемната муцка на бескуќен никаквец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поседнале со темни мисли под јакуцките на гуњите да сраснуваат до суровост со изѕемнатата земја, колку-толку заштитени од студот со веленца и кожи или черги, и пак чекале без сигурни предвидувања како ќе се заврши сето тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По таа вест што ја донеле изѕемнати дрвари со големи шубари и со трпки под кожата, селаните попусто поставале заседи и острозаби стапици, најмногу по врвиците што се спровирале низ северната црногорица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така изѕемнат, одвај отворив уста за да го прашам игуменот каде води онаа врата наспроти собата каде што седевме ние.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа утро, кога првпат разговаравме за трагите што никогаш не можеш да ги забележиш овде, под Сина Скала, надвор врнеше дожд, јас не отидов на училиште, а денот беше сосема беззначаен бидејќи сиот беше собран во една парталава сива облека; потсетуваше на изнемоштен изѕемнат бедник; стоеше под стреата и тоа пред самиот прозорец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Изѕемнет ветер ги разниша светликавите парчиња од таванот, и тие затреперија како стакленки над влезните врати кои опоменуваат на пристигнување на гостите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)