изобилство ср.

изобилство (ср.)

И додека другите попови насекаде пливаа во изобилство нашиот нов поп Петко немаше ни грне во кое да свари грав.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се откажав од помислата да влезам и во друг диско-клуб, зашто барав многу чист воздух кој го имаше во изобилство крај брегот на Рајна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На една голема маса имаше поставено кафе, чај, млеко, путер, џем, сирење, сѐ во изобилство, и секој може да си зема колку ќе посака.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нема раскош и удобности како на „Златните песоци“ и на „Сончевиот брег“, но сонце, воздух и вода има во изобилство, а тоа го нашол секој од десетиците и стотиците илјади летувалци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Скокаат, врескаат, пеат, плачат, се потат и препотуваат, се дават во изобилството прав кренато од нечистото душеме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Утврди дека (покрај многуте својства што ги има поленот: изобилство од витамини, хормони, протеини, азоти, јаглени хидрати, белковини, маслени и минерални материи со околу триесет елементи) - тој има моќ да штити и од отрови.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ја преполни куќата со цвеќиња–изобилство полско цвеќе, темјанушки, нарциси во вазните, зумбули, фикуси, филадентрони; кактуси во саксиите, дури палма и лимун чии прв жолт малечок плод го држеше на дланката како да се плашеше дека ќе исчезне.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но кога дошол за игумен во манастирот отец Никодим Синаитски, страден за сонце што во изобилство го имало во Синаја, ги разрушил сите тие тесни и мрачни келии, ги преправил, ги преуредил: им отворил големи прозорци да гледаат кон езерото и Полето, ги споил и направил за себе убава одаја за спиење, бања за капење, простор за вршење нужда, одделение за држење пијалоци и трпеза во која ќе го служат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Овој рог на изоблиството и на слободата можеше само да ги зачуди, но потоа и да ги иритира одговорните локални политички раководители.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најпрво, перцептивниот систем го сосекува ова изобилство, или не ќе можеме да преживееме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Светот навистина изобилува“, објасни тој, „а сите потфати се состојат во сосекувањето на тоа изобилство.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Време имало во изобилство.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Всушност, магијата на Бојсовата уметност во целост - неверојатно разновиден опус - е во тоа да изгледа како да произлегла од изобилство, како тој постојано да бил во уметничко движење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пржени компирчиња за вечера, артичоки во сос, ликер од вишни, сочен колач‚ цела шунка... Сѐ на сѐ, вистинско изобилство и уште грст нарциси расфрлани дури и по чаршавот, меѓу шолјите!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Или пак примерот на Ниче. Напротив, изобилството од знаење го убива она живото во филозофијата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Геноцидот е нивна навика. -Тие воспоставуваа вештачка немаштија, лишувајќи ги мирољубивите луѓе од природните наследства на земјените изобилства и Божјите дарови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој беше насекаде во исто време: туркаше, влечеше, стругаше, ковеше, импровизираше, бодрејќи ги патем со другарски шеги сите и испуштајќи од секое делче на своето тело изобилство од кисела пот како од непресушен извор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше сè што ѝ требаше. Изобилство за јадење. Најскапо за облекување.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Меѓутоа, овој пат тоа не беше прогласување на воена победа, туку само најава за едно соопштение на Министерството за изобилство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе