изгласа св.
изгласи св.

изгласа (св.)

„Ќе изгласам свој совет и ќе судам. Милост ќе се нема за никого.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„...Пандо, како што ти кажав, до војната беше кмет во селото, ама пошто после времињата се избуричкаа друг за кмет не се изгласа, остана на Панда нам на брезничани да ни биде кмет сѐ до доаѓањето на партизаните.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За намалување или кратење на работничките права зборуваме кога преку донесување на нова законска регулатива (измени и дополнувања на постоечки закон или изгласување нов закон) доаѓа до намалување на правата кои законот им ги дава на работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Гери Глен, кој порано работел за една антисиндикална организација, Комитетот на Ајдахо за слобода во работењето, како и за Сточарското здружение на Ајдахо, и кој еднаш неуспешно се кандидирал за место во Конгресот на САД откако беше републикански комесар во Бојс, во 1998 година се преселил во Мичиген за да лобира за даночно кредитирање на школарината за избрани универзитети, кое потоа гласачите не го изгласаа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)