збег м.

збег (м.)

Макар што немаше луѓе, ни поп, ни брави за курбани, ни брашно за погачи, ни вино ни ракија како и порано во среќно време, старците и бабите што се прибраа од збеговите пак дојдоа в црква да запалат по некоја свеќа или пак да се прекрстат пред иконата на свети Илија да ги има во раката нивните мили и драги што беа затворени во тврдината на Пешта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Натоварија на коњи и магариња најосновни работи за јадење и покуќнина и тргнаа кон подалечните и побезбедните села и градот, како во збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таквото нејзино однесување пројавено пред заминувањето на збегот, пред разделбата со Добра и Чана, сега, по закопот на старецот е подзасилено и од една внатрешна, органска промена.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Братучедот Ристо, дојден во Скопје пред главнината на збегот, со надеж дека ќе најде лек за туберкулозата на жена му, поначесто навраќаше во дрвената барака.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)