заљуби св.

заљуби (св.)

Ако се заљубат двајца млади и родителите им пречат-попот треба да ја нагласи работата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ти си прва во која што се заљубив и дај, боже, последна.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Така е љубов, ден те сака, ќе ти прави веѓи, ќе те љуби, а утре во друга ќе се заљуби и нејзе ќе и се колне и ќе и прави метании, а тебе не ќе те погледнува.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Луѓето се заљубуваат на прв поглед, се убиваат на прв поглед, сите војни — на прв поглед.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ве замолив да кажете нешто просто, а не дека сте се заљубиле во мене на прв поглед.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се заљубил во неа. Се заљубила и таа. Се гледале. Таа се соблекла.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Кој знае не ли ќе се сретнат еднаш тие на вселенска журка, на која Сатурн и Венера ќе пеат своја песна: Сонцето ум изгубило и се заљубило!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Духот: Направив деветмина да се заљубат силно во кокер-шпаниели, тројца во чивави, а 14 во зебри од зоолошката!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Прво кажи им на сите овде колку мажи и жени натера да се заљубат во камили, жирафи или зебри?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ете, ќе ти направи смртно да се заљубиш во кокошка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во ова белешка има и уште една зададена задача: да не се заљубувам додека не завршам со школувањето (односно со учењето).
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ми дојде на сон тешка како осамено заборавање, ко свето море и коб ми капна во речта нова како заљубување, убава како сеќавање тагата ми дојде ко будење на прастара мечта.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Ни се заљуби и Јанчево, - велеше тетка Цона, со оној нејзин раздрдорен глас.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Неколку гости во една кафеана се засркнаа, згадени од неговата постапка, па Ц задоволен од исходот тргна кон својата куќа планирајќи го новото утрешно заљубување.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ја видов и планината; и ливадата на која растеше чајот ја видов; ги видов и капките роса што стоеја на цветовите; и девојката со селско руменило на образите – ја видов како ги бере китките чај; се заљубив во неа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се надеваше дека ќе прочита некој збор за неа во црна хроника, па така барем ќе дознае во кого се заљубил.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Јас знаев дека таа девојка лесно се заљубуваше, ама во тој момент не можев да сфатам дека до таму дошла работата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се заљубуваме и не мислиме на последиците, ја предизвикавме невољата, си играме со ѓаволот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Потоа ја сретнав ВЕРА се заљубив веднаш во неа но знаев и да ја изневерам а таа знаеше да прости
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Заљубувањето е еуфорично и љубовта не е илузија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Повеќе