заушки само мн.

заушки (само мн.)

Миша сврти кај неа, божем да бара некој лек за децата од заушки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од долги проучувања и набљудувања, веќе имаше и свои заклучоци: ако ѕвездите од северната страна започнуваат како престоени цветови да венат губејќи ја бојата и сјајот, претскажува дека ќе фатат големи болести по луѓето: улери, дамли, трески, тифуси, офтики, чуми, бисерки, приштови, заушки; по ајваните: шапови, бутури, метили, лигавки, сараџи, красти, струпци; по кокошките: слепило, вртиум; по кучињата: беснило; по полето: каклици, жудилки, глутници, спарини, мемли, скувалки, пепелаш; по дрвјата: пајажини, гнилачки, имела, трат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
— Нема срам на жалост, велам, може да е болно од заушки, од големи сипаници, од црна кашлица...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Така е. Децата сакаат да бидат како татковците и мислат дека ќе се такви. Без сипаници и без заушки, со кубура в појас и со брада.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не смееше да се жали зашто ќе добиеше заушка од Горниот...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Една постара професорка со дебели наочари, какви што ги замислуваме оние од „старата школа“, кои на почетокот од кариерата на немирните им удирала заушки и ги потчукнувала со врбов стап, сега молежливо гледаше во професорот до неа, нервозно врткајќи се на столчето.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Стомачето ги дал клучевите на неговите другари и додека тој бил во болница поради заушките, тие тука си правеле журки и забави до раните утрински часови.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Веќе почнуваше да ми надоаѓа мачнина од муабетот, но се оправда кога кажа дека фатил заушки кога бил во Скопје, на што се направив дека му верувам, зошто имаше доказ дека навистина тој период владееше таква епидемија, тоа го имав слушнато од вестите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)