заспие св.

заспие (св.)

Кога горна за спање навеждаше клепка, А мајка те клават во малка колепка, На мека постеља, на мека перница, Под нејна пазуха заспиваш как птица.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Над изворот најде една пештера и тамо беше си влегол за вечерта да преноќева; арно ама ако дојде ти да преноќеваш и да заспиеш тамо, да и Силјан да заспие!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дафино вино, еј!... (Другите прифаќаат). Дафино вино, еј! црвено вино, еј! Момчето ти е заспало на Кара-камен планина.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
По долги, меки ширини рамни магла се танка крева и по селата мали - заспали шумоли скришно врева.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Да ти цути устата што ја порача! Оваа песна одамна не бев ја слушал. Така благо ми дојде да заспијам!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мејанџи море, мејанџи, Донеси вино, ракија, Да пијам да се опијам На бели гради да заспијам Стамено, Стамено, Де гиди, пиле шарено
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Нани ми чедо, заспи ми, порасни јунак на мајка, еднаш те мајка родила, еднаш те сакам да умреш.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Налутен, Мече се сврте со грб накај него, обидувајќи се безуспешно да заспие.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Заспа и Мече, немирен и со тревожно срце.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече тихо заспа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Лебами, Ристе, да не веруаш оти ноќеска ќе заспие.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Иако гладни, тие заспиваа, како и најадените комшиски деца, растеа не помалку од нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таму ќе се згрнат децата, та иако заспие некое — нема штета, послано му е, ќе го завијат со некое куне и ќе си помине како секоја ноќ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бошко заспа со чувство на болка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Така татко ми заспивал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А кога разбра што се случило, долго не можеше да заспие.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Заспа. И сонуваше многу куси соништа. Не мавташе со нозе и не леташе како во детството.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Заспивав. Чуј, ме тргна. Не оставај ме сега, те молам, не оставај ме. Јас не можам пак да те сонувам мртов. Кажувај ми за Конго и за златната врвица на антилопите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дур возот без починка рони во времето на ритамот монотон вечерва ти си задремала. Не спи, не заспивај, уморена. Колку е тежок тој мир на твоите образи живи кога патуваат шумно сите предмети мртви. Со бакнежот на погледот мој што чука на твоите клепки заклопени ти ги отворам очите сонливи.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Не заспиваше. Само сонот оживуваше во него настан, тајна негова, расплеткуваше нишки од јазолот на негоиот живот и неговиот мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе