замазни св.

замазни (св.)

— Влезе тој натемаго во ниј, ќе а пустат куќата, — рече Стојо еден ден кога пак се повторија кавгите меѓу Митра и Доста и се обиде некако со притисок да ја замазни кавгата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
(Мира брзо излегува. Пауза. Борис ја замазнува косата. Ја симнува сламената шапка.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Си ги замазнувам кркмите што ми паѓаат на челото и наеднаш нешто ми се преметнува во огледалото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Атина ќе му го намести столот и уште долго време ќе стои зад него, замазнувајќи му ја косата што си ја разбушавил при вадењето на капата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се врти и се замазнува, ниедно влакно да не остане понастрана.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сепак, си ја замазни косата, се прокашла, ги излижа предните заби и со голема насмевка ја отвори вратата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Милан поткашлувајќи си го подготви грлото, си ги замазни мустаќите со горниот дел на дланката и почна да ја пее народната песна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се принамести разнишувајќи ги колковите, се наведна, се фати за двата долни краја на футата и ја затегна до под колена, па ја замазни.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)