закачен прид.

закачен (прид.)

ТЕОДОС: (За тоа вреле и сам гледа насекаде по нив и каде ќе најде влакно или прашинка, чисти со подувнување или почесто со изопнување и исфрлање средниот прст закачен на палецот, што кај нега е постојана навика и автоматизиран гест.) Влакненце да не оставиш!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
По земјата имаше послана куп свежа слама, на испреплетените гранки горе на покривот стоеше закачена лејка за вода, останата бездруго уште од полјакот и ништо повеќе.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се ближеше крајот, а графиконот закачен пред бараката на штабот покажуваше дека ако се продолжи така знамето нема да се развее над логорот од нивната бригада.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
На калдрмата лежи мртов скакулец, со игла закачен за дрвце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Десната рака капнато му висеше, како да беше закачена за рамото само со конец.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На крај од стапот е закачена замка од челична жица. Ништо повеќе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ене ја сега виси закачена на ѕидот. - заврши чичо Никола.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И пешкирот е таму зад вратата закачен на дрвен чивилук.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му го гледаше само појасот и сребрениот ќостек, закачен за елекот, чистите и нови ѕиври, спуштени во глуждовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор си ја зеде торбата. Уште еднаш погледна на телото што висеше закачено на решетката, и исполнет со гнев и огорченост, се нурна под одарот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во стеблото пред себе виде едно место, каде што имаше закачено забот од самјакот; беше како делнато со секира и од него почнуваше да се лишти и од воздухот попроѕирна густа капка смола.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеше да се обиде да најде уште некоја потпора за своето тело во подебелите ветки околу себе, да се загнезди меѓу нив колку што му беше возможно тоа во неговата положба на закачен, а за да сето време секое негово движење се престоруваше во растреперена напнатост, така што еднаш беше принуден докрај да се смири и само да трае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Околу половината на снагата имаше опашано шарен црвен појас, во кој беа закачени две-три главици праз и парче пченкарен леб.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На градите има срмен елек со гајтани, на половината опашал црвен појас, во кој закачен светка револверот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Црквичето оддалеку ни личи на камен варосан и закачен на врвот од брегот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И синоќа тој ги донесе торбите, што сега висеа закачени на ѕидот, зад вратата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Овдека секој работник имаше број и мораше да го носи закачен на градникот, како робијашите во Ерзерум или Диар-Бекир, а чаушите евиденцијата ја водеа по број, а не по лице.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од голема сила, тревата попушти и косата се покажа на опкосената ледина, но Сиве виде за неа закачен човечки череп Не малку се исплаши сиромашецот Сиве оклештените заби и пропаднатите очни дупки, но веднаш се сети дека не е жив човек и се заинтересува за неговата судбина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Над брачните кревети на неговата спална беше закачена голема слика од мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Како по дрвјата да беа закачени фенери.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Повеќе