ефенди м.

ефенди (м.)

Та дури и на Сула му закачи „Суло ефенди".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А Трајко само чести. — Повелете, бег, повелете ефенди.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ефендиите влегоа на „големата" врата, ведејќи ја секој главата да не го закачи горното черчеве.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ама, ефенди, вистина ти велам, сиромав, пресиромав е.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ефенди . . . – присторе Мирче веднувајќи се, но ефендијата не му даде да дорече.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се ведна и помоли: - Милост, ефенди!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На вратата се појави јаничар и тој на српски го изрече веќе познатиот глас на покорен слуга: – Изволите, везир ефенди!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Суљо пак направи темане и испушти едно придушено: – Разбрав, кади ефенди! – Е, ајде сега.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мајка, татко? Имаш ли браќа, сестри? – го праша една вечер Мехмед Арслана. – Паметувам, паша ефенди.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Пеки, пеки, ефенди!51) - одговори командирот и плесна со рацете.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Рајата ја крена главата, - рече дервишот. - Не чини, не чини, ефенди! - продолжи Турчинот со засукани мустаќи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Еве, мудур ефенди, потпиша батакчијата! - рече трговецот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
— Не бу, бре кајмакам ефенди! ) — Не бу, бре бимбаши ефенди! ) — ама пајтонот одлета долу Могевите воденици и го фати за неполни три саати Битола.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стигна некако до чебренскиот манастир, ги соблече Ѓорчевите кумитски алишта што ги зеде од Чачовци кога Ѓорче замина за Битола, ја наметна поповата антерија и долама, ја кладе поповата шапка, а бидејќи пооди некој месец и друг небричен и нестрижен се направи токму „папаз ефенди“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Евет, мудур ефенди, — изусти Ибро и излезе низ врата поведен во знак на послушност, а мудурот пак ги кладе очилата и пo десетти пат го прочита писмото дури да дојде јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Киро чита.) Ефенди, ова е официјален документ. Писмо.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
КИРО: (Брзо го спушта ножот) Како да докажам дека сум ваш ефенди.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Влегува Велков.) ВЕЛКОВ: Добро утро ефенди Кајмакам. Уште сте овде. Ве барав во уќуматот. Ве чекаат многу луѓе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Само четиринаесет дена изминаа отакко главните на сојовите од Потковицата го потпишаа писмото со кое од султанот бараат да им издаде одобрение за ѕидање црква, општина и училиште, ѝ само седум дена откако му го предадоа на Мустафа ефенди, прилепскиот кајмакам, за тој преку Битола и Солун да го препрати таму, во Стамбола, но и едниот и другиот ден, оној во кој го потпишаа писмото, неделата на Свети 40 Маченици, и оној во кој го предадоа, првата сабота по Свети 40 Маченици, заедно со писмото и заедно со надежите, желбите и намерите содржани во него, никој не ги ни споменува во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Уште додека беше на прагот направи поклон, првин спрема Мустафа ефенди, потоа и спрема прилепските првенци, а кога се исправи, божем силно израдуван што се измирува со нив, лисецот ги прекрсти потковичаните, како да му се верни и вековни парохијани, и изјави дека знае зошто е повикан, дека му се радува на измирувањето, но и дека има нешто да придодаде во врска со измирувањето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе