еким м.

еким (м.)

А! Уште еднаш со ум ќе фаќаме работата, еќим ефендија! — одговори Суло за сите тројца и тргнаа да си идат за Ерековци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ѝ дојде дури до обравчето, под обетката. И сега ја носиме по еќимки, по бајачки. Ја бараме. Врват патиштата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да те однесиме во Битола, велам, дошле нови еќими. Од Русија пребегани, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Твоите екими можат да исцерат и ранети нозе.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но каков еким ќе побара и ќе најде Спиро Православец?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најверојатно познавал секакви пијачки и напивки со кои се пречистувала крвта и секако по несреќа залутал меѓу шуплоглав свет што не можел да сфати дека по такви екими каков што е тој копнееле далечни калифи и нешто поблиски везири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доаѓале баби треварки и белобради екими да ги лекуваат со секакви илачи, со тревки во јазовчево масло, им обесувале на врат лилјаци заклани со златна пара, ги прскале со крв од бели врани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Болката на душата е стара колку и човекот, екимот изумирал заедно со своите мевлеми, болката останувала како и да се преименувала, а сега тој доаѓа како ништо друго освен како подновен обид со неочекуван, а пресметан убод да навлезе не во душата туку само во мозочната ципа, за да го поврати човекот во оној канализационен жабарник што се вика нормален живот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Решил султанот да го модернизира царството и од секој вилает да прати по пет млади луѓе во Франција на студии: еден да стане еким (лекар), еден писар, еден професор, еден судија и еден ајвандоктор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК