едногодишен прид.

едногодишен (прид.)

Нежниот лист на едногодишната јаболкова младица затреперува: девојчето го следи тромавиот лет на ноќната бубалка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Голема благодарност ѝ должиме на госпоѓата Лидија Капушевска-Дракулевска која целиов проект првенствено го имаше замислено како книга (дваесетина автори со околу 25 раскази) и се надеваме дека дури таа евентуално отпечатена книга на најефектен начин ќе ги поентира целите на нашата едногодишна работа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Обично кога заминуваат владетелите, продолжува извесен период да живее нивниот мит, најмногу потхрануван од најверните соработници на владетелот, од инерцијата на претходното владеење На крајот историјата останува последниот арбитар во бездната на меморијата се извишуваат или исчезнуваат засекогаш некогаш моќните гласови Одбраната дружина нови амбасадори во светот, по едногодишните подготовки во Белград, како да беше дел од инерцијата на обезглавената власт по исчезнувањето на маршалот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На едногодишна возраст, лазејќи по подот, удри во мала масичка на која стоеше глобус.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)