егзекутор м.

егзекутор (м.)

Навистина, јас си помислив, дека на ист начин можела да се исмее сталинистичката идеологија како што вие сте ги замислиле нивните егзекутори кои со толку голема ступидност се нафрлаат на козјиот свет.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со силите што ми преостануваа повторно можев да чувствувам, да ги сожалувам – жртвуваните егзекутори кои беа готови и мене да ме егзекутираат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во прво време, во темата на враќањето во родната земја, субјектот разбира дека ќе треба да се брани од акциите на еден анти­субјект, наративен интервент, означен од платените егзекутори на тајната полиција („Дури и во мислите, не стануваше збор за повлекување или да се избегне стапицата којашто се профилираше...“).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Авторот во текот на целата книга иронично ќе ги означи со иницијали „антисубјектите” кои престанале да егзистираат како лица за да постанат егзекутори на гнасни дела.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Орце неколку пати му изјавил на Гарванов дека ако неговите луѓе (извршните органи на ЦК што ги викале “терористи“ - егзекутори) се обидат да убијат некого од гемиџиите во Солун или во Велес, лично тој ќе одговара со својот живот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Неговата кариера течела како да нема никаква сенка, но дојде момент, кога почна јавно да се зборува за масовните погибии без суд и за тоа кои луѓе биле егзекуторите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не стана егзекутор на најчистата невиност што припаѓаше и на некој друг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)