дувне св.

дувне (св.)

- Немој да се зачудиш ако запловиме со него како на чун. Само да дувне ветер ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Дувна порекот долу. Војковец и бргу, бргу се извеаја купиштата, та имаше време да се мерат довечерта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Одеднаш ветерот дувна посилно, го отвори капакот од прозорецот, го тресна од ѕидот, и ветерот, влегувајќи во одајата, крена прав од огништето, го разбушави пламенот од борината, го остави малку да се исправи и потем надојде посилен и го угасна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Гледаше низ мрежата на клепките: агентот го дувна пепелот на цигарата од своето колено.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Другиот ја дувна бубалката од показалецот и продолжи: „Се лутевте што сум освоил туѓа жена.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но дали ќе дувне таков ветер и во срцето на пашата?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се чинеше како да нема никаква тежина, со која беше стапнат во таа долина: се чинеше како да ќе одлета само ако дунете малку посилно во него, како она топче од презреаното семе на глуварчето, што се раштркува на сите страни и при најмалечкиот здив на ветерот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Балонот е лесен како пердувка, и штом Зоки само малку ќе дувне со устата, тој се извишува уште повисоко – сѐ до таванот!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Хм, - пак дувна учителот и даде знак за тргнување.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Хм, дувна кметот налутено и се разврте низ собата: „Па, како си можел да не видиш!“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Потоа Димче помисли: „Сега нека дувне ветер и нека му ја однесе шапката на оној дедо!“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Дувна силен ветер и од главата на едно старче, што полека се движеше по улицата, ја крена шапката.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Да не предизвикам пожар“ - си помисли, па го крена снопот и го постави малку подалеку, та пламенот, и кога би дувнал ветер, да не може да ги зафати ни плевната ни колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го виде како го сотре кутивчето од бечвите да го избрише, како го отвори, дувна во двете капачиња и пак го затвори.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
За такциратот на соседите од Белоперевци, дувна едно ветерче откаде Смечот, та искрите од запалените сосови ги потфатија и блиските копи и кошари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Денес ако ми дувне да ја оженам, утре ќе правам свадба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Му ја дувна некаде со парите и нас нѐ остави, ко брбушки на цедилка. Сами во планината. Усвет и Бугарија и бегање!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се враќам горе, го дувнувам кандилото и пак си легнувам крај децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само напати ќе дувне некое ветерче ќе одлета некоја чавка, ќе испишти некоја сојка и ќе ги истресе капките од голите гранки на дрвото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш другарот Колојаноски ќе дувнеше во грнетата и тие несреќниците ќе почнеа кој како, како пијани, излудени, сосема избезумени, црни сенки, страшни, да се веат ваму-таму, чиниш некој лош ветар ги носи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повеќе