дренов (прид.)

Потоа го соблекува палтото, му го подава на Васила и зема да се качува направо спрема седелката, која е водорамна пукнатина во спилата и пред која, од левата страна, расте ниско и осамено дреново дрво; за него, смета Максим, ќе се држи кога ќе го убива кобникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се таи во најбуното на гората, во еден густеж од дренови дрвја и диви рози заплеткани во бршлен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со млако движење на раката ѝ ја покажувам секирата, дамките на дреновата дршка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тапанџијата оди пред тебе и по тебе, му шета тапанот по мевот, забркан меѓу удиралката и белото дреново праче што шврка, што штрака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Султанот најпрвин ги прекорувал и им ги зел имотите, шадрваните, коњите и жените, потоа објавил, доколку не му ја донесат главата на ајдутот, ќе ги испообеси на железни куки или ќе ги испофрла во јами со исправени дренови колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Околу дренов цвет брмчеа пчели, во капини шушкаа желки. Пееја косови и смрекарки.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Набрале билје пролетно - здравец, јаглика и фиданки дренови.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)