достои (св.)

Марија, ќе убијам, говорев ноќе по твоето бегство, се колнев пред онаа киклопска глава повикувајќи ја како сведок дека ќе си достојам на зборот, дека еднаш ќе замавнам со нож на некого и дека со бел отров во очите, како оној во детството, само со очните белки, ќе испитувам дали крвта личи на сок од малини или е грев на мракот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Едниот го праша другиот: – Велиш ќе си достои кадијата на зборот? – Таман работа еден кадија да кршне – му одговори другиот. – Тогаш не за бадијала ја јадевме горештината летоска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Условот за тоа беше тој да достои на тоа место, па и со празна пушка сеедно. Достоја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, уште веднаш потоа мечката пак се сврте кон него, застана сега веќе без никакво двоумење, решена да достои на својот грабеж, како и таа да знаеше дека тој во пушката има само уште два фишека, просто подметнувајќи му го своето тело за тој да ги исфрли уште нив и потоа да ја пушти на мир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За сето време зад него зееше онаа провалија, под неговите петици тлото се одронуваше, а тој сепак достоја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа си достоја на клетвата дека без него нема да живее.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во вршидба време отиде во Битола со десетина селани и на излегувањето сите изнесоа по две три. Раиф ефендија си достоја на зборот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си достоја на клетвата и бесата, та во писмото, не само што не ги нападна селаните, ами навистина ги бранеше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така и мравата. Така и човекот. Така и јас, човекот-мрава, со цел лукава, ниска, недостојна што бев; јас, мрава што ви го преподавам ова сочинение Вам, кои доаѓате на лицето на земјата по мене и застанувате пред лицето на Господа, како јас што стоев и не достојав, оти Он ме изгони од пред лицето Негово.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)