дозволив прид.

дозволив (прид.)

Влегов во салонот сиот бесен што дозволив да ме довлечкаат на таа сенилна седенка од ислужени политичари и патриотари, згнасен од нив и цврсто решен да се опијам до бесвест...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Му дозволив да насети дека моите работодавци планираат производство на синтетски бета-ендорфин.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Јас дозволив зборот „Бог“ да остане на крајот од еден стих.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Значи, Луција му ја дала песнарката откако ја понижив; тоа можеби значеше дека Луција немаше да им ја даде, доколку јас не го сторев она што го сторив на кејот, и дека таа им ја дала сега затоа што ме сака, односно затоа што ме мрази, а ме мрази затоа што јас не ѝ дозволив да ме сака.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И јас, најден тука тогаш привремено, си дозволив да бидам со нив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И замисли си, сосема неочекувано и подло, сите овие срамотилаци во врска со нејзиното решение Стојна ми го изнаприкажа откако цела една ноќ ѝ дозволив да ја искористува мојата машкост! (Ех да можеше природата да раскажува!) „Да знаеш, моме, оти оваа ноќ долго ќе ја паметам“, ѝ реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби тоа беше причина во моите самотни ноќи да почнам да трагам по неговиот глас што еднаш веќе го бев слушнала, но несреќната јас, којзнае зошто дозволив да ме одмине.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Си дозволив да Ве слушам, бидејќи ме привлече Вашата мисла. Се согласувам со Вас во потполност.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Никогаш не дозволив животното во мене да го победи човекот,“ ѝ реков.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Си дозволив минерална вода, за да го исплакнам сувото грло од блуткавиот вкус на цигара.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секако дека не го дозволив тоа и среќно си заминав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Му дозволив целосно да ужива.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дозволив да ме слушнеш само кога беше меѓу моите бедра.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Им дозволив да мочат без да излегуваат од рововите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)