дистанцира св. и несв.

дистанцира (св. и несв.)

Оттаму еден од моите рани ликови би можел да биде и писателот Хајнрих фон Клајст, кој се дистанцираше од тој, денес мошне раширен, тип на нарација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Времето во кое таа се раѓа, израснува и живее и во кое се осмислува како поимска вертикала е време на војни, преселби, страдања и жилави напрегања да се опстои, време на новопоставени граници, трагични дистанцирања, делби, оттуѓувања и конфронтирања.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ете така! А колку тој повеќе се дистанцираше од неа, или од себеси, којзнае, толку таа настојуваше да му пружи што повеќе докази за својата лојалност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мораше да се дистанцира од политичките борби иронично предупредувајќи: Ние сме станале жртви престорени во џелати!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зошто си овде, ако не си од овде. Се дистанцираш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ама почнуваш да се дистанцираш и влегуваш во...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Понекогаш ми пречеше што сум толку емпатична, затоа имаше периоди кога се дистанцирав од луѓе зошто ми пречеше постојано да ги впивам туѓите емоции.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)