диван м.

диван (м.)

Што е право, отпрво не ме бендиса, ама после, кога почна да говори за Илија... (Селман-ага пее под прозорецот на Антица): Антице, мори бела кадано, Идеш ли ќа се посвршиш: Бела ханума ќа бидеш, На меко диван ќа седиш, Жолти флорини ќа нижеш, На твое бело грло ќа редиш?...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кадијата им нареди на каданите да наседнат на диваните и да гледаат сеир.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Меѓутоа, од поднесената молба до царскиот Диван, рајата од споменатата Монастирска каза известува дека бившиот мутеселим Шефки-беј додал додаток и за оваа среќна година преку постоечките додатоци, со што ја покачил сумата на 135.000 гроша и со тоа ја натерал рајата да го продава својот недвижен имот за да го исплати данокот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А во салонот на тој бункер за одбрана на сладоста, свлечена пајажина од свилени неглижеа лежи распослана по меките дивани и длабоки фотелји, а од салонот, неколку порти водат директно во гнездата на заборавот, потонати во полумракот и згуснатиот кич во кој се задушуваат будоарите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Одајата празна, а диванот ветвен Во пролет рана, со мирис летен Мислите мои – меланхолични звуци Душата моја – ѕвекот на прапорци Во очи си гледам качунка бела Мечтите мои – друга јас ги зела Делата мои пајакова мрежа ги вплела. 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Камилски брзо се оттргна од мислата за тврдината и поранешните дискусии со Татко за неа и се врати кон преостанатите зборови како: диван, диванхане, претсобје, ходник, но и голема приемна просторија со убав изглед, обично на горниот кат од куќата (од персиски divanhane), пармак, пармаци, дрвена ограда, на чардакот или на басамаците, направена од тенки летви (од турски parmak, paramaklik); басамак, басамаци (од турски basamak); мердивен, подвижна скала (од персиски merdiven); сандак, порано овој збор бил употребуван за означување вид сандак во кој се чувале алишта и особено невестинското руво, обично се изработувале и украсувале во разни шари, а денес со овој збор се означуваат сандаци направени за разна намена, особено како војнички сандак (турски sandik) и перваз (персиски pervaz), означуваат дрвена конструкција на прозорците и вратите; dolap (од персиски dolap); серген (од турски sergen); мусандра (од турски musandira).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)