декларира св. и несв.

декларира (св. и несв.)

Американскиот филм, како производ на најизразна цивилизациска форма, најјасно се декларираше како бихејвиористички.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ме излудуваа затоа што беа пресметани (и воопшто, Луција беше свесна дека е убава и имаше еден сосема јасно деклариран економски однос кон сопственото тело, чија убавина ја натценуваше токму со тие непотребни движења со кои истакнуваше делови од телото); но мене тоа не ми пречеше, туку напротив, го сфаќав тоа како сигнал кој ми ветува дека некогаш, кога и да е, ќе ја имам Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа друга уметност, која одбива да се декларира како народна е „културолошко труење со предумисла“ и е производ на бољшевизмот и тоталитарниот комунизам (што можеше Луција да знае за бољшевизмот и комунизмот со своите седумнаесет години, кога имала само единаесет години кога се урна комунистичкиот режим?).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури тогаш станав; погледнав кон кругот и видов дека и Ина гледа со љубопитство кон нас двајцата, проценувајќи кој од нас е Јан Лудвик, лудакот без мерка; за да се декларирам, ѝ испратив еден бакнеж од устата со рака во воздухот; таа се закикоте, ми возврати на ист начин, возврати и сестра ѝ, и јас и Земанек излеговме од шаторот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ова беше нешто што ги надминуваше очекувањата на Едо и се потруди да скрие дека е вчудовиден од необичната изјава со која таа без колебање декларираше скоро натприродна моќ.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бајрон, деклариран гркоман, скитал низ белиот свет.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
„Ама чаре има“, ѝ велиш победоносно, дека е среќна што те пронашла токму тебе во морето измамници што, ете, само се декларираат како сопственици на способности од видот на гледачи и предвидувачи, и исцелители на кои им е дадено со поглед и допир, како да се нечија продолжена рака, да ги редат работите по желба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Човекот едноставно закупи билборди каде што се рекламираше новата национална социјална мрежа, фрли големи пари за реклама на телевизија и мрсно им плати на неколку актерки и манекенки да го исклучат својот фејсбук профил и јавно да декларираат дека онлајн животот ќе им продолжи на Моето маало.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Како што Климент Камилски не можеше да има среќна иднина во тогашната југословенска Македонија, да го добие своето високо место во хиерархијата на повоената власт во Народна Република Македонија, со оглед на својот деклариран просоветизам, тој дури и невин одлежа строг затвор, така и Татко со својата османскотурска диплома по правни науки и албанското емигрантско минато, кој можеше да смета на висока позиција во хиерархијата на власта на нова Турција, не можеше да смета на позиција во новото југословенско комунистичко општество.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)