гуња ж.

гуња (ж.)

Рабовите на мојата животна гуња прскаа и јас барав пат да се извлечам од тој задушен правоаголник во кој единствена знаменитост беа петте беспризорни пасторчиња на маштеата судбина и тројцата распеани студенти, од кои еден веќе се сомневаше во животот, во луѓето, во себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Магарето мрзливо одмавна со глава и послушно продолжи да оди по замислениот стопан, по неговата искината гуња.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И, не чекајќи одговор, дојде до кладенецот, ја фрли гуњата од себе и седна на неа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На Пецета му дојде да спрсне да бега, но брадјосаниот го џапна за рака и го седна на гуњата до себеси сѐ држејќи го со едната рака поклопен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Под брадата му беа вкрстени два реда фишеци – само што се гледаа поради гуњата што ја носеше наметната на грб.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На тој смрзнат Бадник, таинствено завиткан во жолта гуња и ретки крпи магла, сликата што минуваше пред човекот мртво се огледуваше во неговите очи; тој беше слеп за сѐ околу себе и газеше како смрт, не можеше да се сети како стана сето тоа?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јуначко момче во свое време бил, пет срца момински под своја гуња носел, домаќинство со голема челад спечалил.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
9. ПОМИНА ЗИМАТА НЕ ТРЕБА ГУЊА - така е додека си галеник в куќи, ами ако, непрокопсан, по светот се луњаш и другаде ли постелите ќе ти бидат вруќи...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
На тој смрзнат Бадник, таинствено завиткан во жолта гуња и ретки крпи магла, сликата минуваше пред човекот мртво се огледуваше во неговите очи: тој беше слеп за сѐ околу себе и газеше како смрт, не можеше да се сети како стана сето тоа?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не знаел што се случува - се тргнал ли видовникот од вкочанетоста или само ветар му ја поткренал гуњата со која бил припокриен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кој го зеде јатаганот? - Јордан Шоп, кој друг. Под гуња му е.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега лежел на десетина чекори од нив, без свој човек над глава, вдовец но со три снаи и десетина внучиња, сам, под дрипава гуња, мудро насмевнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трајко бил напрек човек, секогаш намуртен, носил награната гуња, со кубур и долг нож во појас, па таков наоружан влегувал во пазарите во град Куманово, каде му се склањале од пат каурско и турско сметајќи го за опасан.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)