гроздов прид.
грозд м.

гроздов (прид.)

Дури и кога се ставаа покривите на куќите и се вееја новите алови шамии, чорапи и ризи, и со викање, да чуе цел град, им се пожелуваше среќа на дарителите и обилно се пиеше бела гроздова ракија, дури и тогаш Аргир не разведруваше чело и не се насмевнуваше, да отпушти благ збор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бевме послужени со неизбежната гроздова ракија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ни пријде келнерот со две чашки гроздова ракија. - Чести куќата за добредојде! – рече срдечно келнерот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се разменија и кратки поздрави. Се кренаа и чашки албанска гроздова ракија за заедничко здравје.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се напив три капки сладок гроздов сируп и во трансот на пријатна опиеност те прашав: “како ќе погледнеш во моите очи кога имаш срце на кукавица, а мислев дека си божество”?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)