грнета ж.

грнета (ж.)

Гарнетата посилно писна, вратните жили на свирачите пак се напнаа - сите со пеење ја подзедоа песната, саканата песна на домаќинот: „Свири, свири Караѓуле, Свири, свири едно чамче, Да поигра ќира Фанче, Ќира Фанче охриѓанче...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тогаш другарот Колојаноски ќе дувнеше во грнетата и тие несреќниците ќе почнеа кој како, како пијани, излудени, сосема избезумени, црни сенки, страшни, да се веат ваму-таму, чиниш некој лош ветар ги носи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Другарот Колојаноски беше ти свирел на грнета, стар занает, а Метеорот нешто малку знаеше да трга на хармоника.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На врвот од веселбата Јехуда и Алегра ги креваат заедно со столиците на кои седат и - во ритамот на веселата музика во која се извива звукот на гарнетата што младоженците толку многу го сакаат, сеќавајќи се на нивниот прв заеднички Пурим - ги носат над своите глави, како цар и царица на свадбената свеченост што продолжува...  И никогаш не прекинува да трае.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Свири музиката радосни звуци, се извива гарнетата над сите нив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)