грмушка ж.

грмушка (ж.)

Го наслушна шумот во грмушките отаден потокот, ја отвори устата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
1. суша Шарите на желкината кора на земјата немо лежат во грмушките на сонот а под спарушените и глуви усни на мостовите времето носи на грб мали куќи од мов па ги рони за да ги изгради пак на своите крупни рамена без одмор времето се носи себеси
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ти полека газиш, мислиш сега ќе спрета од некоја грмушка шљука или лештарка, а сојката, господ ја родил како шпион, ќе писне - бегајте, човек со пушка се доближува!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Приказна: печурки со црвени стреи, чаркови во пена, златогрли сеници во грмушка. Лага.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Овој занес соединуваше и по плажите, маслиновите и смоквините грмушки, по лозјата, во лотките, дури и по голиот крш.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
После го прашуваа потсмевајќи му се со селска итрина во црвените очи: „Зошто не пиеш со нас, попе?“ Шишето се лизгаше од рака до рака, се празнеше, ги извлекуваше пред нивните очи шумските ѓаволи од притаените грмушки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Белата Долина беше зарамнета од високиот снег, а сите грмушки и нерамнинки по неа сега беа благи бели хумки по тој волшебно мек снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакам да го викнам во грмушкава за да не сум сам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Старецот замолчува. Молчиме и ние и гледаме пред себе во жолтата полјанка преку која поминуваат овците и се губат негде зад грмушките од другата страна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И старата бука го избрка, и ниските грмушки кои често го канеа да се лулее на нивните гранки го избркаа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Одеше и ги допираше со раце грмушките, цвеќињата, дрвјата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во присојот, над Заветна се огласуваше кукавицата, низ папратот, низ грмушките чуруликаа невидливи пилци, радувајќи ѝ се на пролетта, разлазени, растрчани по падината блееја јагнињата, а над сето тоа како пленувачка музика, изведувана од огромен оркестар, трепереа ѕвонците, клапките, прапорците. Убавина!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го здогледаа посилниот на командирот на четата како се зададе низ грмушките одоздола.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Одиме! Прескокнувајќи џбунови, паднати дрвја, грмушки, за десетина минути се најдоа пред колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зад некои високи грмушки патот скршнуваше в десно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Бахтијаровите Анадолци во верига ги претресуваа не само селата, колибите и пештерите каде што можеше човек да се заклони, ами и сите смреки и грмушки, небарем зајаци бараа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го остави северниот крај слободен, не за да го пушти Толета да избега, ами да му го поттера на оние јузбашии, што исто така ноќта ја навртеа војската на дветри стотини метра до селцето и залегнаа на пусија во густите смреки и грмушки од Никулица, Нежилово и Клен за да го дочекаат скриени зад карпите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите извештаи што идеа, а тие идеа со помошта пак Толева, кажуваа дека аскерот систематски го претресува секое село, секоја куќа, та дури секоја смрека и грмушка по мегданот и прави неопишани зулуми над населението.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оди, легнува, фаќа заслон зад грмушка, зад камен, се притајува, се вслушува и продолжува понатаму.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе