грмне св.

грмне (св.)

- А вие: мирно. Дежурниот одговара за редот, со строг професорски глас грмна служителот и излезе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тревожна мисла му грмна во главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
2. АКО ПРВИН НЕ СВЕТНЕ, НЕМА НИ ДА ГРМНЕ - погледнуваме наугоре во ведрото небе, во меѓувреме земјата одоздола ќе дрмне и без гром, без молња ќе се искаже себе...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
На три чекори пред заптиите и аскерот таа грмна и ги покри со густ дим, од кој се слушнаа пискотница и псовки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Грмнаа пците в село, a по малку се слушнаа две три пушки од разни краишта на селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога грмна од ведро небо, луѓето подзапреа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во време вршење, грмна од ведро небо... Вршиме кој со што нашол: некои ги чукаат снопчињата, некои пак спрегнале крава со магаре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А по некое време таму некаде далеку грмнува и, кратко потоа, фучење и трештат топовски гранати. А потоа јуриш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И тогаш грмна еден рафал напред и еден смок блесна и се испружи испокинат на патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Однадвор ќе грмне и ѕидовите од пештерата ќе се занишаат како огулена слабина од животно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Грмнаа нови звуци на револуциони маршеви. Крајот на Интернационалата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ја измачуваше мајка си прашувајќи ја одново и одново зошто нема повеќе храна, викаше и ѝ подвикнуваше (се сеќаваше дури и на тоновите на својот глас, кој почнуваше предвреме да мутира и понекогаш ќе грмнеше чудно длабоко), или пак се обидуваше со цимолење да изнуди повеќе отколку што му следуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој момент тие очекуваат да избувне нешто, да грмне строгиот глас на учителот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Нека ви е честито и да се ќердосате! се посегна и ја целува во двата образа. Грмна и од други усти Нека им е честито!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ако забележеше некој момчак работник или подостарен маж како зее во големата цицка на мајка му, за миг ја оставаше големата брадавица и грмнуваше неговиот глас како на возрасен Пуљ си п'тот, пичка ти мајчина, оти!... и пак ја лапнуваше брадавицата и не ја оставаше додека не го исмукаше целото млеко од боската. Понекогаш поминуваше и на другата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тогаш во тишината што траеше сосем кратко, пред да грмне одушевеноста, се чу и гласот на еден Турчин, богато облечен, кој трчаше крај редот работници: „Ибн Тајко... ибн Тајко...
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Успеаја. И покрај сѐ, да ги излијам јадовите силни, во етерот од небото да грмнат.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Пролетта дојде наврапито. Небаре грмна и расцути...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кавалџијата Ангеле уште не ја беше досвирел песната за очи момински - бадемлии, а тапанџијата и зурлаџиите веќе излегоа среде па да грмне орото за млади мажи и момчиња.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Повеќе