воскресение ср.

воскресение (ср.)

Сѐ што беше да се пее: за фаќањето на Ристоса, за распинањето, за закопувањето, за влегување во пеколот од каде го извади Адама, та и за самото негово воскресение се пееше цела недела пред Велигден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако не е излезена, ќе прилегне да ја дочека, та да оди в црква, да ги извести верните за големиот празник — воскресението на божиот син.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таму сега веќе Петре беше го разгорел оганот, се направил жар достур, а и пцалтот Кушо беше го преварил дедот поп и го изнесол „воскресението“ надвор да му тропа на дедо поп кога ќе почне службата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крај портата две христови девици и два молитвеника. Две деца продаваат свеќи. Од олтарот: воскресение.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Еден поглед неприметен од студениот плочник моли за воскресение.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Две патерици на бетонскиот под... Многу свеќи и многу шепоти. Воскресение.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Покрите ги со моето име раните на мојот камен и не оплакувајте го: најдолга е ноќта пред воскресение*!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Мислам на воскресение, недела по наше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Им го покажа и иконостасот работен во длабока резба, богат со орнаменти на фауна и флора, со позлата и со живописни икони: распетието Христово, Влегувањето во Ерусалим, Лазаревото воскресение, Раѓањето на Богородица, Собир на Архангелите и други светци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се восхитував на Симнувањето од крстот, или на Лазаревото восхресение, на Пречистувањето на Апостолите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Просторот пости голем Велигденски Пост или Воскресение: враќање меѓу мртвите - метаморфоза.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Неговата маѓепсаност од надареноста на мајка ми, особено во кулинарските вештини, ја имам забележано од поодамна, всушност од оној ден кога по конзумирањето на убавото парче од Пасхата што ја беше приготвил татко ми за Воскресение, Лев Петрович очигледно задоволен од вкусот на празничниот колач изјави дека некогаш некој ако предложи да се постави или да се изнесе на пиедестал она што е најполезно и остварува највредни резултати во секидневието, тој без двоумење ќе се заложи тоа да бидат рацете на жената што умеат да создадат толку многу вкусни јастија наспроти трапавите и секогаш лошо приучени мажи кои на животот и не му прикажале ништо друго покрај она нивно необмислено незадоволство што неконтролирано го истураат насекаде околу себе.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Секогаш се бараме во некакви небиднини, несоници, во разни прегрешенија мудроста нѐ збудалува, милоста е дар кој најретко го даруваме, богатството на ближниот е наша потреба, и туѓото лицемерие е секогаш поголемо од нашето, а ние невини, насмеани пред сѐ ново и неразбирливо, измешано со надежта на новите намери, го мериме преостанатото време за воскресение.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Ја кревам оваа чаша за воскресение на една стара љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Прости ми ги гревовите со лесна душа да појдам в црква на Воскресение Христово... и да се причестам... смирена да го примам Телото и Крвта на Синот Божји - од Богородица Мајчица роден... руган, плукан, мачен, распнат, умрен, од Крстот симнат, во Гроб легнат... си шепоти баба Петра седната пред куќи, веќе променета за в црква.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Биењето на камбаната и воспевот на Воскресение Христово се крева високо кон ѕвезденото небо.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ех, намилост си ја викам ЅВЕЗДО МОЈА и си се приспомнувам на ѕвезденото моминство... а ДЕНИЦА - секој ден да ни е денот - светлина... саде убавина - си шепоти стишено, небаре песна пее - не бидувало гласно да се пее пред Воскресение Христово.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)