волонтер м.

волонтер (м.)

Се вработува како волонтер во една печатница.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Денес го замолив Превер само малку да ме одмени или да украдам барем од неговиот гениј Но зборот кој плени не доаѓа лесно Заглавен в челуста на мојот ѕвер Не излегува низ грлово тесно А јас кутриот волонтер Несреќен ко осамен солитер Прогонет ко декадентен Бодлер Корисно сакав да направам нешто...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
5. Беа воведени и промени кај веќе постоечките видови работни односи: а) Во врска со одредбите што се однесуваат на статусот на приправниците, со ЗРО (1993) се избриша одредбата на ЗРО на СРМ (1990) која велеше дека приправникот кој врши волонтерска работа има право на здравствено и инвалидско осигурување, за инвалидност и телесно оштетување предизвикано со повреда на работа или професионално заболување, како и право на соодветен паричен надоместок за вршење на работите и задачите утврдени во општиот акт, односно колективниот договор – на товар на средствата на организацијата надлежна за работите на вработувањето (чл. 5, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тоа значи дека ако трошоците за храна и превоз на волонтерите го надминуваат максимално утврдениот износ од 15% од просечната месечна плата во Републиката, организаторот на волонтерската работа нема обврска да ја исплати разликата над овој износ.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Инаку, тука за прв пат, експлицитно се воведе и обврска на работодавците за заштита на личните податоци на работникот (чл. 44, ЗРО/05); 14 г) договор за вработување со пробна работа (чл. 60, ЗРО/05) – при што, времетраењето на пробната работа не може да биде подолго од шест месеци, а работникот има право да се откаже од овој договор, при што е должен да остави прилично краток отказен рок од само три работни дена; д) веќе споменатиот договор за волонтерски стаж (чл. 61, ЗРО/05);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Госпоѓа Мариела беше изолирана од сите со кои се дружеше и соработуваше Ема, освен соработката, како волонтер, со Машкото друштво „Осамени срца“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Поминаа неколку години од денот кога младиот волонтер за своите патеписни репортажи ги доби првите искрени пофалби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)