вокација ж.

вокација (ж.)

Учесниците во малата интерна војна што допрва се затркалува во Македонија не се само политичките партии туку онаа социјална група која има обичај да се нарекува интелектуалци односно интелигенција (уметници и писатели од најразлична жанровска припадност, хуманистички научници, универзитетски професори од разни профили, политичари со докторски наслови или доктори по наука кои својата конечна вокација ја пронашле во непосредната политика), сите тие меѓусебно се борат околу исклучивото право на формулирање и претставување на она што се смета за вистинска национална вредност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Затоа јас верувам дека таа моја вокација е одговор на татковото наметнување.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Денес сигурно знам дека таа вокација во мене ја поттикнал мојот татко затоа што самиот сакал да биде писател, но судбината го одвела во друга насока: стана адвокат и професор по психологија...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сакам, првин, да го нагласам ова пријателство, а потоа да изнесам и неколку лични сведоштва со кои се здобив при учеството на Луан Старова во работата на Академијата на амбасадорите, односно во жирито на амбасадори акредитирани во Париз со книжевно-публицистичка вокација.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Продолжуваше космополитската вокација на Битола.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше тоа навистина една рутинска телеграма! Како да бев препуштен на мојата писателска вокација, продолжувајќи некаков роман во себе со многу живи, директни ликови во брзото движење во процесијата на животот, во делот кој ми беше зададен...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Обично секоја дипломатска телеграма што ја испраќав во тие четири дипломатски години, ја оттргнував од мојата писателска вокација, се разбира без да ја смирам во себе, зашто тоа и не беше можно, ја сметав и како исклучителен тест кој подлежеше на сигурна проверка, а чии резултати многу ретко стигнуваа до мене.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минувајќи убав дел од животот во вечно читање и проучување на француската книжевност, како дел од мојата професионална вокација, во текот на годината влегував во преписка со познати француски поети, есеисти и мислители, кои се канеа на меѓународниот поетски собир во Струга.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)