внучко м.

внучко (м.)

– „Ако е, внучко, ако, терај ги ти воловите.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Е доста со тој ѓаволски штрк, бре внучко, се џари.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Чунки сам знаеш ти стрико; те молам, стрико, ако е кабил, кажи ми како ти е името? ( „Името ми е, Силјане, му рекол домаќинот, Аџи Кљак-кљак, внучко!“)
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
— Работата, внучко, е готова. Сега треба ти да кажиш. Јас моето си го стори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Не знам, внучко, — вели дедот Карабуклија, — ама петлите се пеани, еднаш или двапати, не ѝ стори дикат. Сега ќе излеза надвор на малата врата и ќе вида.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Добро, внучко! Кога ти велиш така, така нека биде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аман Толе, аман внучко! Кај ќе и најда јас толку пари, та за сакми, колај работа, и три да ти донеса!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога Трајан го крена и го гушна, Маруш му рече: „Ете, внучко Трајане, го нема веќе Висара... Го нема веќе да го земаш и да го шеташ по езерото...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Па, таа мене ме вика внучко, а јас нејзе бабо, - тивко, и со наведната глава одговори тој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Името ми е, Силјане - му рекол домаќинот - Аџи Кљак-кљак, внучко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Моторџија ти ќе бидеш, Давид внучко мој, светот ќе го прошеташ светот ќе е твој!!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)