владение ср.

владение (ср.)

Во 1898-1902 год. се води долготрајна „Бурска војна” помеѓу Бурите и Англичаните во Јужна Африка, бидејќи последниве сакале да си ги прошират владенијата заради експлоатација на трансвалските златни рудници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие денови понагласено забележав и дека сака да ме земе под владение.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тужба, платен налог, вонреден правен лек, пресуда, решение донесено во постапка поради смеќавање на владение, како и решение против кое е дозволена посебна жалба, ќе се достават лично до странката која е физичко лице, односно до нејзиниот законски застапник, односно полномошник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова полномошно подоцна е дополнето со зборовите дека „работниците, сопственици на акции, му ги поклонуваат, односно предаваат на владение своите акции на директорот“ – што, пак, претставува класичен пример на измама, како „кривично дело против имотот“, а која допрва треба судски да се разреши.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да се стави зборот во владение, треба да бидеш мајстор на својот занает.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)