вграден прид.

вграден (прид.)

Ѕидовите се украсени со народна резба. Долапите се вградени во ѕидот.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Потоа седнува на столот спроти оџакот, вграден е во источниот ѕид помеѓу прозорците, и со нога ги поттурнува цепаниците навнатре во жарот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со својот вграден компјутер и посебно изградениот софтвер.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Не е вградена во почетокот на она што ќе го работам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тогаш за прв пат видов дека рефлектирачките очила се хируршки вградени, среброто мазно се креваше од високите јагодици, затворајќи ги очите во нивните дупки.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Културите се развиваат само ако нивните медиумски јазици имаат вградени програми:
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа стратегија е вградена во нејзините гени и може да се менува преку мутација или рекомбинација на нејзиниот генетички материјал.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Фракталната геометрија поседува некоја уредена, вградена неправилност и ги опишува врските меѓу правилното и хаотичното движење.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Изграден е речиси со голи раце големиот кинески ѕид на Балканот, со безброј жртви кои како некогаш пред повеќе илјади години во царството Кина, со вградени долги тунели во дното на пругата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Несомнено е дека нашата стара словенска вера е вградена во новата, заедно со паганските култови, со обичаите и боговите кои добиле нови имиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мислите и желбите им наликувале на врзани садови веројатно вградени во нивните сетила.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нејзе изгледа мојата поставеност во власта и се чинеше тврдина која е цврсто вградена и во судбината на Јана и затоа ќе ја штити од грдите настани во животот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Раководителот, со вграден рефлектор на челото како рударски инженер, киклопски ја најде соодветната преграда и од картотеката го извлече кофчегот, всушност носилката на Брза помош.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во еден од ѕидовите од собата имаше вграден серген, таму можев да си ги обесувам алиштата и да ги спастрам моите ситни нешта.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Иако не умее да ги прочита, Константин знае што тие означуваат: тоа се еврејски записи на имињата и презимињата, епитетите, датумите на раѓањата и на смртта и епитафските пораки на надгробните споменици од луѓе закопани, некои и претворени во прав и пепел, на штипските еврејски гробишта, од тој бизарен мермерен мајдан на завршени човечки судбини, од тој неколку стотици години стар скаменет дел од штипското градско сеќавање од каде се земени старите надгробни плочи на вознемирените покојници и се вградени во основата на базенот од Кежовица, бањата со лековити термални води.  Тие води не му помагаат на Константин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мојата баба како да беше одраснато сираче, небаре вградена во куќата крај Езерото, како во една поприфатлива и почовечна варијанта отколку во балканските легенди, во кои млади мајки се вградуваа во темелите на видни градби, за да се смилуваат злите и кобни сили да ѝ ја поштедат градбата од мистериозно уривање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сите во тој миг помислија „отиде човеков“, но за среќа, заради навремената реакција и бргу вградениот стент, се извлече.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Времињата се променети, но споменот за Андалузија не живее со векови само во меморијата на Шпанците туку е вграден и во шпанската цивилизациска матрица, како оригинално шпанско богатство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најубавите бои што некогаш сум ги видела на нешто тоа беа овие стакленца со голема умешност вградени во прекрасни слики.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Битно е што таа синтеза беше можна и што нејзините поуки не се исчезнати туку се вградени во шпанската суштина!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)