варди несв.

варди (несв.)

Те одгледах и те вардех како прва рожба?!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Ја го гледах, ја го вардех како свои очи и сос него ја забравах тешки си години.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Уф, кандилово угаснало! (Клекнува пред иконата и се крсти). Свети Никола златен, варди ни го и чувај ни го батета од лошо. (Ја откачува иконата од ѕидот, ја бакнува и пак ја става на местото.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Свети Никола златен, што ги ведриш и облачиш морињата, варди ни го и чувај ни го Анѓелета од секакво лошо; однеси ни го здрав и жив на местото.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
— Така, пак. Стојко, да не клаваш цела недева чаша во кандивото, нека седи темница, да видиме дали ќе му дојде умот на вој наш светиа да а варди сермиата!— му нареди на маѓерот Стојка кој водеше сметка да не остане „сајбијата“ темница.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Варди се, чедо, варди се, убава на мајка!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Првите дни машките фрлаа по некој и друг поглед во Нешка кога идеше со бацкови и Стојановци измиена, исчешлана, без прцле и цилувци, во ново кошулче, со ново гунче, подбрадена под гуша, но кога се виде дека ја вардат тројца, сите дечиња, и тие од I одделение па дури и од IV, не смееја да ѝ се опулат накриво, не пак да ја задеваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Лисицата веќе и не се обиде да ја следи со очи брборливата страчка во лисјата на првото дрво го подвитка опашот и се спушти низ долчето гладна но претпазлива во прастариот див закон на шумата - демни ги послабите, варди се од појаките.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Луѓето наследиле од дедовците навики и знаење; напролет го садат компирот на онаа педа земја што ја имаат, се веднат со копачките во лозјата зад ридот, го следат со очи снежното окопнување во дабовиот честак; налето се виткаат над компирот да го прикријат со тврдите грутки, ги колнат ненаситните кртови, чекаат дожд; наесен го слават гроздоберот и вардат - што помалку леб ќе се изеде, сѐ повеќе зрна ќе се засеат ораниците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го деградирале, а кога му ја давале партиската легитимација, му рекле: „Варди, зашто во оваа книшка нема да има место за да се запише уште нешто ново. Ни за најмалечка казна Ги имаш досега за тројца...“
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вардеше само да може да го погоди оној миг, кога тоа прегладнето копиле ќе се обиде да му се приближи; важно беше да не му допушти да му се приближи така, за да може да го дрпне одзади со онаа своја шилеста муцка, друго ништо не можеше да биде важно таму назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како можело да падне во дворот, кога стражата цела ноќ варди?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Се сети за порачката на Никола, го зеде зимбилот и рече: - Варди го Ѓорѓи! Јас ќе одам в бавча!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И тиа твои јатаци шо те вардат, те вардат оти му даваш бакшиш на децата, те вардат оти имаат извесен ќар од тебе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Да ми беше стра не оде јас толку години сам, со Трајка овдеа и другите другари, даи бркам гордо одговори Толе и почна да им раскажува како сите потери се вардат од него, место тој да се варди од нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
5. ИБРИК СИ Е, АЛИ БАРДАК - но дека си има сред вазните рода како реликвија музеите го вардат непуштајќи го да оди по вода...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Затоа, ете, и мудурот од Витолишча му даде тричетворица заптии да го вардат да не му ги земе некој. — Толку сака да знам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вардете се. Никој нема да ве варди. Ќе биде добро. Белки не сме фрлале камења по господ. (Умира.) (Тишина. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Зедов казма, лопата и отидов. Ја оставив Уља, јатрва ми, да варди дури да се вратам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така, на сѐ ја подучувам Уља: зошто не чини да ги заборави пелените надвор, а ѝ ги зајде сонцето, и како млекото да го варди од ветроштини и надворештини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе