валчест прид.

валчест (прид.)

Неговата мала, валчеста фигура со силно истурениот мев напред постојано се вртеше лево и десно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во валчестата шуплина на буката, која колку се одеше подолу се стеснуваше по должина од над десетина метра, сега го немаше оној ниеднаш непрекинат заплисок на остриот пад на водата од планинскиот поток, што се вливаше во неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие сега не беа калливи суштества, што се пентарат по скелињата, нити пак ситни точки, што се движат некако чудно, како клопчиња, по улиците малечки и валчести, гледани од највисокото скеле, со чудна некоја форма и со уште почудни движења.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- А имаше лице како валчеста насмеана месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И гледај чудо! Од калапите излегуваат валчести како јајца бомби.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Околу печката беа наредени валчести капаци за мини и бомби. На ѕидот од леарницата висеа неколку бомби.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Неизвесност ѝ ги стиска со обете дланки тешките, некако доилски валчести боски, и гори, по бедрата ѝ лазат мравки, жена е што секогаш пред спиење е возбудена.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега со мене лазеа и другите, од зјапнатите усти им висеа зелени јазици: со валчести грпки меѓу плешките, личеа на мали подвижни планини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лево од него се поставал зад зелен валчест камен Лозан Перуника. Зад грб му била сенка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Валчестите коски под очите му се јагуридосуваа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Црна валчеста маса само од месо, од мускули, само од оган и пламен, сила планинска обвиткана со кожа, со светло кусо влакно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ја викаа Кијмет. Глувонемата Кијмет. Таа топчеста, валчеста жена од над триесетина години, беше најсамотната самотничка, најтажната ластовичка во градот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)