блискоисточен прид.

блискоисточен (прид.)

Навечер завршуваме во барот „Хабиби“, едно сомнително место во коешто се собира блискоисточниот свет и каде што арапските принцови, опкружени со лажни блондинки и реални малигани, ги кршат законите на Куранот заедно со своите сиромашни сонародници.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во тој период повеќе бев книшки внесен во сложеното палестинско прашање, во драмата на блискоисточната криза, во комплексните меѓусебни односи на арапските земји, во силните влијанија на големите сили, во стратегиската линија на неврзаните земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И тој веруваше дека ќе стигне до својата Палестина, минувајќи низ блискоисточниот лавиринт.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не ги заборавив зборовите на амбасадорот Ерик Руло кој подоцна како патувачки амбасадор леташе меѓу арапските и блискоисточните градови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)