беневреци само мн.

беневреци (само мн.)

Глигор остана во мешаницата. Арсо забележа дека на Глигор му се доближи еден затвореник облечен во нови шајачни беневреци и темномаслинест елек.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со левата рака, на десната негде и некогаш некој му ги исекол трите прсти, со палецот и показалецот можел само да наденува конец на игла, да крпи јамки на парталосаните беневреци или нешто слично, да ја треби од гниди ленената кошула или да ги суче прудолу ретките мустаќи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Подоцна, не веќе во безумен очај како пред доаѓањето, Онисифор Проказник се обидел да дознае зошто човекот со остра коса носи под кожувот лита мантија што се тутка во прешироки беневреци но пред тоа мислел дека неговата словенољубивост подмолно се пресметала со едно попче што не сакало или не умеело во манастирот да пее на разбирлив јазик пред да се џембоса претепан и по гаќи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сиот беше во шарена облека, во тесни турски беневреци и со везен елек, со кубура и јатаган во појасот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој, јавачот, сѐ уште свиткан во појасот и со стиснати коленици на шарените коњски ребра, извлекол од канија, невидлива од темната боја на беневреците, крива сабја што под удар на сонцето се распрснувала во зраци и, кревајќи ја високо, се исправил, се протегнал со една рака, со сета тежина се потпрел на зенгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)