безобразник м.

безобразник (м.)

Кузман се обидуваше да ја фати за рака, таа се тргаше, нишаше глава и пискаше. - Не, не... Зар овде? Види го ти безобразников.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Ако не можам да си го осмислам животот поради оваа безобразничка, тогаш сигурно нема да дозволам денов да ми остане неосмислен – помисли тој.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)