баран прид.

баран (прид.)

И дури тогаш го најде во себе долго бараниот збор со кој можеше да ги задржи но веќе беше ненужно, доцна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Офицерот ги изговараше зборовите со една намерно барана лирска интонација, запираше наместа да го сврти вниманието на некое име или факт.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И во тој сон го носеше со себе проклетството за некој баран излез, за некој отвор, што мораше да постои во тоа небо, меѓу тие дрвја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не, немојте да заборавите - велат овде - кога веќе сте во оваа чаршија и сте решиле нешто да купите, да ја преполовите цената по која трговецот ви ја нуди и продава бараната стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во секој случај човек треба да се придржува за правилото кога е веќе во Истанбул, дека е поудобно да се вози со такси или „долмуш“ не само затоа што е поевтино, туку затоа што и побрзо и побезопасно ќе ве однесе на бараното место.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако сте решиле да разгледувате некој павилјон, на патот до него ве сопираат низа други интересности, и, така, додека дојдете до бараната цел, гледате дека денот веќе изминал зашто, како на филмска лента и со филмска брзина, пред вас неусетно се редат - од павилјон до павилјон - мали и големи впечатоци и со нив толку се заситувате па и не ви останува време за да ги средите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А татко ми, како дојденец, туѓинец во овој град, не беше мигрант како сите козари, туку емигрант, човек што ја минал границата, па мораше да биде видливо лојален, да не се замери, за еден ден, со семејството да го добие бараното државјанство, да добие потврда за лојалност кон новата земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се најде во парадоксална состојба, уметник чии дела беа барани, а тој се задоволуваше со тоа бесплатно да им ги подели на своите пријатели, или намерно ги продаваше по ниски цени.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во кратките моменти на сексуална страст, таа понекогаш здогледувала зрак од бараното единство.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ваквиот однос на потценување на нејзините вредности лошо се одрази во практиката, снижувајќи го бараниот стандард, во некои случаи влијаејќи и на самата уметност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, колку што се напрега да го најде излезот од лавиринтот на спомените, тој толку повеќе останува пооддалечен од вистинските, барани спомени.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Оваа релација постојано ја проверуваше во состојбите што му ги нудеа природата и човекот, како во некоја барана излезна парадигма.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
По извесно колебање, гемиџиите решиле од своите драгоцени резерви да му ги испратат бараните пари.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Откако ќе ја забележеше бараната книга на свое­то место, ќе ги сетеше, низ тишината, Мајкините чекори, на излегување, како тивок тупот на нивната заедничка среќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Претрупан со шаренилото на асортиманот, тој не можеше да види сè додека не се наведнеше до отворот низ кој ги примаше парите, а ти ја подаваше бараната стока.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ниту бараниот каталог ниту некаков одговор стигнуваше. Постојано му здодевавме на поштарот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Многу подоцна откога јас бев кај манастирот, беше барано од некои луѓе јавно да се осудат стрелањата без суд, како што било ова овде долу, и да се кажат луѓето што ги извршиле, но не се постигна политичка согласност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Стариот се силеше да се смешка лукаво, но неговите бели мустаќи, провиснати како шилци, ја поклопуваа студено таа насмевка, и само малите очи му светеа со некоја барана веселост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Не биди смешен - му вели некој внатрешен глас - нема никаква шанса, а бараниот потез е измамен потез, една обична бесмислица, глупост една, недостојна за тебе.”
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Беа барани сите глаголи кои асоцираат на акција, во сите можни граматички времиња, со исклучок на глаголот "сум"кој, особено во сегашно време, носеше аура на некаква пасивна, потополно неинтересна, дури и мачна состојба, во секој случај онаква од каква што всушност секој од нив сакаше да излезе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Повеќе