базира св. и несв.

базира (св. и несв.)

Овде Њуман прави дистинкција помеѓу проценка базирана врз чисто академски критериум и проценка базирана врз други елементи, сакајќи да укаже на тесната поврзаност на проценката со културата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Човековото одлучување е вгнездено во мрежа од шеми, така да еден соодветен процес базиран на такви шеми од кооперативни пресметки, подобро од логиката го карактеризира менталното поведение.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ова е еден бизарен пристап, бидејќи теоремата на Гедел може да се примени само на модели на умот кои се базирани на машини чие цело знаење е кодирано во логички изрази, и во кој модел единствените „ментални операции“ би се состоеле од стриктни изведувања на формули само од информацијата кодирана во системот од самиот почеток.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој ги ценеше нивниот високо развиен стил, свежиот квалитет на „наивно” посматрање, како и „независноста од влијанието на италијанските и холандските стари мајстори”, на чии што дела се базираше неговата едукација претходните пет години.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Фугата е слична на канонот дотолку што во најопшт случај се базира на една единствена тема која се свири во повеќе гласови и различни тоналитети, понекогаш со различни брзини, од горе надолу или наназад.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Додека Годаровата и новобранова субверзија произлегува од познавањето на традицијата врз која се базира и од која израснува тенденцијата кон интелектуализирањето, Ворхол се однесува како да го открил филмот: неговата субверзија произлегува од незнаењето, односно од тежнението кон упропастување и деинтелектуализирање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Добар дел од нив се базираат на некаков парадокс, илузија или двосмисленост.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Желбата да се стане “каучки компир” (Couch potato) можеби се базира на фактот што просторот е доволно голем да се смести кауч со голем ТВ сет и секако модерен телефон, комбиниран со автоматска секретарка, интерком, компјутерски принтер, факс машина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Вистинската религија е Еволуционизмот, базиран врз класичните хуманистички, трансцендентални претпоставки: - Бог не е племенски татко, не е феудален господар, ниту инженерски менаџер на универзумот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Графички сложениот систем на писмо, создаден од Кирил, му го отстапува местото на другиот систем на писмо, графички поедноставен и поусовршен вид на старословенско писмо, наречен кирилица, со геометриски едноставна форма на букви, која се базира врз графиката на грчкото унцијално писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Постојат кај Ренџов и успешни примери на чисто анегдотската обработка на сижето (Од другата страна на земјата) кои се базираат врз класичните проверени модели.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Врз што се базира, тогаш, нашата доверба во едно поетско или раскажувачко дело?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Покрај споменатата група за божјаците, среќаваме раскази од фолклорен карактер, раскази со поткренат тон во духот на „магискиот реализам“, класични раскази базирани врз некоја случка или лик, кои по правило имаат изведено значење, алегории и параболи од разни видови (кошмарни, поетски) и со различни содржини, анегдоти и др.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Забораваат притоа дека хомосексуалните врски, незагадени од бладањето на религијата под нивното крзно од опосум, сѐ уште си се базираат на оние здрави основи од коишто хетеросексуалците се одвикнаа: бизнис ем плежр.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Можеби тоа има врска со фактот дека Хабермасовиот модел на јавната сфера е историски базиран врз моделот на печатените медиуми, коишто „поттикнуваа стилови на аргументација кои се одликуваа со линеарна рационалност, објективност, и консензус“107.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Според етички и морални ерупции, хуманистички параметри и животни концепти како и според некаква идеолошка ентропија, се обидуваме да изградиме сопствени верувања и ефермна вистина за смислата и целта на животот, под услов да бидат базирани на чувството на свесност за стварноста која не опкружува и во која живееме, чувството на светост и чувството на единство со сѐ околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Како прва ја наведуваат „изворната солуција застапувана од ВМРО“, која била за „независност на цела Македонија, базирана на еднакви права и во однос на сите нејзини жители, без разлика на нивната раса“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
33 Секако дека информациите за Македонија имале ограничен карактер, имајќи предвид дека дописниците не можеле да информираат од самото место на настаните, туку своите извештаи ги базирале врз официјалните соопштенија и од свои информатори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)