асоцијација ж.

асоцијација (ж.)

Не знаеше и не се бореше да за не сонува ли или повторно доживува или сега за прв пат влегува во оној настан што можеби еднаш го дожевеал само како мисла, како колебливост, како туѓ настан, што расне во ассоцијации на сетилата-од линија или звук или мирис, или се заедно, и стои како недогледен пламенен столб збуцан во темнината. Како вжарен нож.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ветерниците се феномен за Холандија. Кога се говори за оваа земја веднаш, како прва асоцијација, се ветерниците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, за некои е доволно да минат покрај „Мулен Руж“за да ја задоволи суетата дека минале покрај оваа прославена париска витрина на голотија и што предизвикува повеви на разни асоцијации.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Возбудува фактот дека француската меѓународна асоцијација UCRADEC се грижи за повторно населување на козите на Балканот, со модерна технологија на одгледување, и тоа, поконкретно, во Босна, во Бугарија, во Турција, односно, во нивната „избрана и ветена земја”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И асоцијацијата на гротескното и монструозното придонесоа да ја замислам оваа книга како филозофска сказна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Асоцијацијата помеѓу Чанга и Лех Валенса, автоматски се наметнува...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Значењето се доживува произволно во склоп со моменталните чувства на гледачот, и кон неговите или нејзините поединечни склопови од лингвистички асоцијации.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оттаму некој речник на таканаречените синоними може да го даде совршен како синоним за идеален или возило како синоним за превоз но во никој случај не може да се каже дека постои комплетна еквивалентност, бидејќи секоја единица во себе содржи множество од непреносливи асоцијации и конотации.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Набљудувачот субјективно ги чита и ги слуша зборовите, така што можеби дури и несвесно создава различни асоцијации.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Лицето на О'Брајан, неповикано од никаква очигледна асоцијација, му заплива во умот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За мене Јана беше синоним за „цар во кошарка”, а пак за брат ми беше директна асоцијација на најубавите колачи и торти што тој ги обожаваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Есејот беше напишан за една ноќ, со многу вино, што може да се забележи, според наместа неповрзаните асоцијации; јас и денес ги гледам тие места, но не ги коригирав, за да можете да сфатите во каква емотивна состојба сум бил тогаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не можеше да добие диплома, да матурира; на разговорот со директорот беше дрзок, и на овој му попуштија нервите, оти во есејот Лудвик беше направил некои неумесни асоцијации и за него, и за неверството на неговата прва жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Асоцијациите со 1001 ноќ или со приказните на Шехерзада се повеќе од очигледни.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Последнава забелешка, со сите откачени асоцијации што таа ги содржеше, ја придодадов бидејќи забележав како приоѓа Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но наместо одговор, од некоја длабочина во главата му изникна ритам, разбуден од несвесна асоцијација, онаква каква што човек никогаш не умее да пронајде кога свесно ја бара.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Вест која радува: младост на обликот (Модилјани) ластерки на личотијата од нов вид - а прстите на цветаева невидливи врз тилот на долгата жешка зима – мимика на притивнат протест сѐ-на-сѐ антиграматика на очајот - спознај се самиот себеси и уште (асоцијации за вратот) теснец кој пулсира – притеснета надеж клисура во која одекнува контрабас а мажите аргонаути, крзнољупци верници од инакви светови не се откажуваат од потрагата: влезот во жената е бескрајно долг да биде волјата ваша слободна!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Говореше за успешните зафати на угледната асоцијација во Босна, со надеж дека таа ќе се прошири и во другите краишта од орустошената поранешна Југославија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Заправо, единствената убава асоцијација што театарот ја буди во мене е сеќавањето на Пепи Мирчевски кога играше некоја античка драма на Охридско лето, а актерскиот костум му го беа накитиле со кондоми полни со вода - ние му викавме: „Пепи, пази да не се запиеш некаде со кондомиве“, а тој ни одговараше „Не ми е мене страв да не се запијам, страв ми е да не се заебам!“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
По ова се носи решение – кое има конститутивно дејство, бидејќи од тој момент асоцијацијата на работниците или на работодавачите се стекнува со правна и деловна способност (чл. 190-193, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи