аргументира св. и несв.

аргументира (св. и несв.)

Секако дека во онаа заедничка констатација оти стилот на Чинго е близок до „говорниот јазик“, согледана во редица критички и есеистички текстови за прозата на Чинго, се кријат можности за натамошни појаснувања и аргументирања кои, можеби, ќе нѐ доведат поблиску до самата суштина на прозата на овој автор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Извонредната методолошка самосвест, философската дистанцираност, усетот за правење значајни терминолошки дистинкции, богатството од обработена литература и цврстото аргументирање на сопствените тези се главни одлики на ова дело кое далеку го надминува нивото на еден магистерски труд.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Постои еден прочуен случај врз основа на кој може да се аргументира дека повикувањето на интенционалните концепти од оној вид за кој тука станува збор, е иредуцибилно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ерик Руло продолжи да го анализира и аргументира своето тврдење со споредбата меѓу либанската и југословенската ситуација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ваквите заклучоци комитата ги аргументира и со разговорот што го воделе таа вечер во врска со јапонската приказна „Сонот на Мијато Акиносуко“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
13.  На пример, предлогот на ССМ беше во спротивен правец – наместо зголемување, тие бараа намалување на овој период од четири на две години, аргументирајќи дека на тој начин ќе се зацврстел социјалниот статус на работникот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Дури, и на фундаментално ниво, познати лингвисти балканолози забележале необично граматичко конвергирање на балканските јазици едни кон други кои припаѓаат на различните индоевропски разграноци, а други лингвисти аргументираат и посочуваат и балканска јазична унија?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Многу повеќе сакам да аргументирам разгледувајќи ги одблизу самите општествени појави – внимателно да ги исчитувам културните облици или да правам дебел опис на настраните културни практики – отколку да се повикувам на авторитетот на некоја готова теорија или доктрина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)