автохтон прид.

автохтон (прид.)

Македонската теорија воопшто не ја приклучува кон овој редослед, како нешто што е автохтон развиток и надвор од пропагандите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Татко ми замислено го погледна, па задоцнето му одговараше: – Тешко е да се утврди кога се појавиле првите кози на Балканот, а уште потешко е да се установи дали се автохтони, односно староседелски?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми нашироко го дообјасни зборот – автохтони, па продолжи: – Во една германска книга пишува дека козата се појавила во Европа во времето на варварските инвазии.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во периодот кога Петар Велики ја стрижеше руската аристократија и ја пресоблекуваше од традиционалните кафтани во облека по европски вкус (во 17. век), дихотомијата меѓу автохтоната словенска култура и западните влијанија го дефинираше стилот на рускиот интелектуален живот во тоа време.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Навистина, бункерите имаа и друго што да бранат: нашиот прастар и автохтон идентитет, нашиот древен јазик, нашиот фолклор, нашето полифоно пеење, нашата изорана земја во цветни алеи и терасести градини, нашите фабрики во кои се произведува од игла до трактор, нашиот целосно описменет народ, ослободен од верското ропство, нашите задруги...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
XXXVI Меѓу заминувањето и враќањето од дипломатска мисија, посебно на амбасадорите во земјите со демократска традиција, во која дипломатската институција почива врз цврстите принципи на правната држава, но и врз автохтоноста на дипломатскиот феномен во светот од неговите дамнешни почетоци па сѐ до денешни времиња, постои природна поврзаност, дејствен континуитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Полуофицијални грчки извори тврдат дека во Грција живеат осумдесет илјади автохтони Словени, кои самите себеси се нарекуваат Македонци.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Овој збор беше толку вкоренет во балканските јазици што ретко кој се прашуваше за неговото потекло, сметајќи го за автохтон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи